Утре по повод 40 дневниот помен на блаженоупокоениот Митрополит Тимотеј ќе се служи Света архиерејска заупокоена литургија во манастирот Свети Климент и Пантелејмон – Плаошник со почеток во 08:45 часот, информираат од Дебарско-кичевската епархија.
На Литургијата молитвено ќе присуствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, со членовите на Светиот Архиерејски Синод, а ќе чиноначалствува Епископот Стобиски г.Јаков, посочуваат.
По Литургијата, додаваат од Дебарско-кичевската епархија ќе се отслужи парастос на гробот.
Митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј почина на 25 ноември 2024 година по кусо боледување, на 73 годишна возраст. До неговото вечно почивалиште во јужната апсида на храмот „Свети Пантелејмон“ на Плаошник беше испратен на 28 ноември.
Н.С.Ј.