Православната црлва денеска го одбележува споменот на Мајката на Пресвета Богородица Света Ана. Денес се празнува нејзиното успение, но нејзиниот главен празник е на 9 септември.
Праведните Јоаким и Ана беа бездетни цели педесет години од нивниот брачен живот. На старост им се јави архангелот Гавриил, секому посебно, и им рече дека молитвите им се услишени од Бога и дека ќе родат ќерка, Марија.
Тогаш Св. Ана зачна од својот маж и по девет месеци роди ќерка благословена од Бога и од сите човечки колена, Пресветата Дева Марија Богородица.
После долг и богоугоден живот се упокои во длабока старост.