Италијански свештеник, кого полицијата го фатила додека вози во пијана состојба, за се го обвинил виното што се служи на мисите и претераната работа.
Законот за возење во алкохолизирана состојба најверојатно би требало да биде потолерантен спрема свештениците и другите професии во чиј опис на работа влегува консумирање алкохол. Претераната работа во некои случаи може да доведе и до сосема несакано пијанство.
Така 41-годишниот свештеник на сообраќајната полиција која го обвинила за возење во пијана состојба им објаснил дека не е виновен бидејќи тој ден морал да одржи четири миси, а на секоја бил приморан (се вбројува во обредот) да испие пехар со вино.
Но, полицијата немала разбирање за неговите работни проблеми, па му ја одзела возачката дозвола бидејќи му измериле речиси еден промил алкохол во крвта, додека дозволеното ниво е 0.5 промили. Свештеникот најавил жалба.