Поранешен норвешки свештеник признал дека длабоко навлегов во благајната на добротворните прилози која ја водел и потрошил 1,6 милиони евра на големи забави со проститутки во Шпанија. Аре Бломхоф пред судот признал дека сето тоа било целосно надвор од контрола, за што јасно зборувала и сумата која ја потрошил. Тој ги потрошил сите пари, утврдил судијата кој седум години ги истражувал работењата на свештеникот. Проневерата била откриена во 2013 година кога Бломхоф, раководител на фондацијата Стифтелсен Бетаниен, ги префрлил парите на фиктивна сметка во Шпанија.
Фондацијата вработува околу 500 лица, води болница во Шпанија и медицинско училиште во Берген во Норвешка. Поранешниот свештеник, кој признал дека бил алкохоличар, рекол дека тоа бил најтежок ден во неговиот живот кога морал да си признае дека чини нешто сосем непознато за него, а сепак нешто што е дел од него. Презел целосна одоговорност за своите постапки и побрарал прошка од поранешниот работодавец и семејството. Средствата од сметката воглавно ги трошел на големи забави на кои повикува жени проститутки наменети за машките гости. Жените пирмале помеѓи 1150 9 1500 евра по забава.