Свештеникот од црквата Св. Иван во Лејланд, Велика Британија, одлучил да им се приближи на верниците на нивни терен, во локалниот паб. Свештеникот вели дека на повеќето луѓе ги интересираат духовните работи, како црквата, Бог и слично, но никој од нив не помислува да оди во црква во недела наутро на миса.
Со пиво или две ќе одржува прилагодена миса во една просторија на катот од пабот. Секоја недела ќе има различна тема, кратко ќе ја изложува, а потоа ќе дискутираат за истата. Некои гости во пабот се скептични за планот на свештеникот, но тој вели дека мора да се обиде.