На норвешкиот протестантски свештеник Џон Олав Ходне му бил украден паричникот додека служел миса во црква во Мелхус покрај Трондхајм, јавуваат локалните медиуми. Ходне паричникот и мобилниот телефон, кој исто така му бил украден, ги оставил кога се пресоблекувал. После мисата повеќе не ги нашол.
Началникот на месната полиција Ебе Кимо вели дека ова е необична кражба, посебно вредна за жалење. Полицијата сеуште нема осомничени и упатила повик до јавноста да се јават со информации. Ходне рекол дека забележал човек кој се мотал околу неговите лични премети, но не можел да ја прекине мисата како би видел за што станува збор.