Еден 37-годишен свештеник од Полска бил уапсен под сомнение дека учествувал во вооружен грабеж. Портпаролот изјавил дека полицијата верува дека мажот ја ограбил банката во градот Цамотулиј.
Наводно на вработените им запретил со нож, а бил уапсен еден час по грабежот. Украл околу 1000 долари, а не е познато зошто се одлучил на овој чин. Полицијата не го открила неговиот идентитет.