Првичната идеја била свештеникот преку јажето да биде пренесен на рамената од еден вработен во циркус. Меѓутоа циркузантот не можел да го подигне 80 килограми тешкиот Џероме Лојд, па овој одел по него придржувајќи му се за рамената.
Оделе по јаже на висина од 25 метри без никаква заштитна опрема. Свештеникот ги замолил во циркусот, кој бил во посета на неговиот град, да се обиде да оди по јаже и да собере парична помош за заболените од СИДА. Вели дека не бил нервозен бидејќи не се плашел од висина. Сеуште не е познато колку пари успеал да собере.