Поради постојаното опаѓање на бројот на паровите кои се спремни да се венчаат во неговата црква, еден свештеник во италијанската општина Воланиа нуди 500 евра за паровите кои ќе се одлучат да го кажат судбоносното „да“. Од почетокот на годинава, во неговата парохија, која брои околу 1000 лица, а која се наоѓа во регионот Емилиа Ромања, сеуште не се венчал ниту еден пар. Поради тоа свештеникот Џанкарло Пирини се одлучил да учествува во трошоците за свадбата.

Објаснил дека во 1960 година во парохијата биле одржани 17 венлавки, но од година во година тој број бил се помал. Многу од паровите имале финансиски потешкотии и затоа сакале како парохија да дадат мал придонес. Инаку, во Италија, постојано опаѓа бројот на венчавки. Пред две години биле регистрирани нешто повеќе од 217 илјади венчавки, што е 13 илјади повеќе од минатата година. Од тој број 63 проценти од паровите се венчаваат во црква.