Еден свештеник во Италијанската покраина Алто Адиџе измислил антишопинг молитва за да им го сврти вниманието на своите сограѓани за штетноста на неконтролираното купување. Молитвата ла објавил во парохискиот весник. Таа започнува со зборовите “Драги сопруги потрудете се да и одолеете на потребата за купување”.


Во своето обраќање кон Бога не ги заборавил ни мажите, кои ги советува да не гледаат по туѓите жени, и да престанат да ги споредуваат градите на туѓите жени со оние на своите, како и да избегнуваа своето време да го поминуваат по ноќните клубови. Молитвата предизвикала гнев кај верниците, бидејќи свештеникот ги претставил како големи неверници.