Англискиот свештеник Тим Џинс во Јорк ги разлутил полицајците и црквата откако на една миса на сиромавите верници ги советувал да крадат. Притоа ги замолил да не крадат од семејните продавници, туку од големите ланци на кои тоа нема многу да ги погоди.


За ваков совет се одлучил бидејќи сметал дека друштвото ги изневерило луѓето на кои им  треба помош, а кражбата сепак била помало зло од проституцијата или разбојништвото. Притоа ги замолил да крадат само она што им е најпотребно. Свештеникот Ричард Сид му се спротиставил на Џонс и рекол дека англиската црква не советува да се кршат законите. Поради проповедањето на Џонс се огласила и полицијата, од каде рекле дека крадењето се казнува со закон и не може да се оправда под никакви околности.