Еден млад свештеник од Јужна Калифорнија освоил 100 илјади долари на еден телевизиски турнир во покер. На почетокот на турнирот имало 10 илјади играчи, а меѓу финалистите останале само неколкумина, меѓу кои и 28-годишниот Ендру Трап кој е свештеник веќе две години.


За учество на турнирот добил благослов од бискупот, бидејќи негова цел била да пронајде средства за финансиска поддршка на црквата. Според локалните медиуми, свештеникот во декември ќе учествува на уште еден турнир чиј победник ќе освои 1,5 милиони долари.