Педесет и едно лице загина, а 118 се повредени во големиот пожар што се случи ноќеска во дискотеката „Пулс“ во Кочани за време на концерт на групата „ДНК“. Девојче кое било внатре во дискотеката и кое пред болницата „Свети Наум Охридски“ чека информации за состојбата на своите другари, во изјава за медиумите рече дека се пламнало за две минути и оти се се случило многу брзо, а пожарот почнал од покривот.

Фото: Илустрација

Пробуваа да реанимираат луѓе и на лице место. Пожарна и амбуланта стигнаа на време, но не беа доволно. Имаше стампедо при излезот. Јас моментално чекам другар тука, тој има изгореници на рака. На почетокот не можевме да поверуваме дека има чад и оган, а потоа настана огромна паника меѓу присутните и имаше стампедо при излез од клубот, изјави девојчето кое не сакаше да биде снимано, пренесува порталот „360 степени“.

Повредените во пожарот се хоспитализирани во повеќе болниците низ земјата, а помош во лекувањето понудиле клиники од соседните земји.

Веста за трагедијата во Кочани ја пренесое медиумите во целиот регион.

Г.М.
Фото: Илуистрација