Со пригодна свеченост денеска на пладне, ќе биде одбележано завршувањето на проектот за реновирање на училишниот двор и училниците во ОУ „Христо Узунов“.По тој повод учениците ќе изведат пригодна програма, а обраќање ќе имаат директорката на училиштето Оливија Пирузева – Јанева и градоначалникот на Охрид, Александар Петрески.


Во рамки на проектот   1500 метри квадратни дворна површина  е поплочена со бекатон плочки, а извршено е и реновирање на училниците. За разубавување и подобрување на условите за настава во училиштето, како што соопшти општината, од буџетот биле издвоени 1,1 милион денари.

Ohridnews