За значењето на 11 Октомври зборуваше Никола Стефаноски, потпретседател на Општинската организација на Сојузот на борците од НОАВМ.
– Со гордост се сеќаваме на овој ден кој претставува поттик на сите нас и оние кои доаѓаат по нас, напоени со безрезервна љубов за сите оние кои ги дадоа своите животи за слободата, чија младост лежи во пазувите на Македонија, кои ги положија своите скапи животи, рече Стефаноски.
На свеченоста за животот и делото на Петре Пирузе – Мајски говореше проф. Д- р Павле Митрески.
Тој истакна дека Пирузе- Мајски, дипломираниот правник и адвокат бил еден од главните организатори на Народно- ослободителното движење и идеен водач, творец и моторна сила се до неговата смрт во 1944- та година.
Во рамки на свеченоста, на дел од членовите на Сојузот на борците им беа врачени републички признанија и благодарници од страна на претседателот на Општинската организација на сојузот на борците г-динот Гоце Ѓорѓиески.
Свој настап имаа и хорот при ОСУ “Св.Климент Охридски “, Миланка Новеска како и ученици од ОМУ „ Методи Патче “