Денес во Спомен куќата на Христо Узунов со почеток во 12 часот ќе се одржи свеченост по повод 23-ти Октомври-Денот на македонската револуционерна борба. На свеченоста предвидено е обраќање на претставник на Општина Охрид и културно уметничка програма.
По повод празникот програма ќе продолжи во недела на 23 октомври во 10 часот со положување на свежо цвеќе пред спомен обележјата на великаните во Градскиот парк.
OhridNews