Синоќа на сцената на Долни Сарај свечено беше затворено 53-тото издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри.
Пред бројните присутни настапија Културно уметничките друштва „Отекс“ од Охрид и „Илинден“ од Велгошти, односно ансамблот „Кардешлик“ од Ресен.
КУД „Илинден“ од Велгошти постои од 1998 година
Балканскиот фестивал започна на 6- ти јули со настапот на ансамблот „Танец“. Во изминатите неколку вечери на сцената на Долни Сарај публиката имаше можност да го проследи настапот на голем број ансамбли од Хрватска, Црна Гора, Словенија, Србија, Бугарија, Грција, Австралија, Полска и Турција.
OhridNews