Вечерва на сцената НУ Центар за култура „Григор Прличев“ со претставата „Роденденот на господин Њушиќ“ во изведба на театар Звездара- Белград, ќе биде затворено годинешното 54-то издание на Фестивалот „Охридско лето“.
Дејството на претставата се случува во Белград на 6-ти ноември 1924 година, на денот на роденденот на г.Нушиќ. Заплетот почнува дента кога Нушиќ наместо на свечената церемонија во Народниот театар, оди на Скадарлија да ги види своите блиски пријатели. Следуваат дејства преполни со леснотија и хумор, но измешани со некоја трагична иронија.
Режисерот Небојша Брадиќ дипломирал театарска режија на Факултетот за драмски уметности во Белград. Режирал повеќе од 70 претстави, а е прв добитник на наградата „Никола Пеца Петровиќ“ за најдобар југословенски театарски менаџер.
Почетокот на претставата е од 21:00 часот.
OhridNews