Мексиканката Сесилија Веласагес победи на натпреварот „жртва на најнепотребната бирократска препрека“, откако морала да собира потврди за лечење на синот.
Жената на секои две недели морала да вади по 7 потврди за да може да добива лекови за болниот син и така станала најпознатата жртва на бирократијата во Мексико.
Како победничка на необичното натпреварување, мексиканскиот претседател и врачил чек од 300.000 пезоси, или 16.000 евра.
Веласагес изјавила дека за секоја потврда и биле потребни четири дена.
На натпреварот на мексиканското министерство за јавни служби се пријавиле 20.000 граѓани кои сметале дека се жртви на бирократијата.