Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески и директорот на Јавното претпријатие Билјанини Извори, Ристе Мишев со сечење на црвената лента го отворија фудбалското игралиште со вештачка трева.


– Во екот на чествувањето на патрониот празник на градот „Свети Климент Охридски“ во употреба го пуштивме фудбалско игралиште со вештачка трева кое беше наше ватување пред граѓаните на Охрид. Со новото игралиште ќе дадеме нов импулс во развивањето на спортот во Охрид, а пред се фудбалот. Се надевам дека овој терен со вештачка трева кој е изграден по стандардите на УЕФА ќе биде одлична можност за сите фудбалски екипи од Охрид, земјава и пошироко да имаат феноменални подготовки – рече првиот човек на Охрид, Никола Бакрачески, кој и го изведе првиот удар.


Фудбалското игралиште со вештачка трева ќе ја збогати фудбалската понуда во Охрид особено во зима кога градот го посетуваат голем број на клубови.

– Спортски терен кој го изградивме со несебична финансиска помош на Општината Охрид и Фудбалската федерација на Македонија ќе преставува еден нов квалитет во нашата понуда пред фудбалските екипи кои традиционална доаѓаат тука на подготовки. Сигурен и убеден сум дека овој терен ќе донесе и своевиден, позитивен пресврт на состојбите во спортот во Охрид кој со години наназа беше уназадуван и уништуван до фаза на исчезнување. Од терен со вештачката трева благодети нема да има само Ј.П. Билјанини Извори него и туритичките работници кои ќе ги исполнуваат капацитите со спорски колективи – потенцираше Ристе Мишев, директор на Јавното претпријатие „Билјанини Извори“.


Вештачката трева е донација од УЕФА и ФФМ, а стадионот го градеше Општината Охрид и чини околу 300 000 евра.

Мх. Постоловски