Во градот Ал Хор на стадионот „Ал Бејт“ попладнево спектакуларно е отворено 22. фудбалски Мундијал. На Светското првенство Катар 2022 ќе учествуваат 32 репрезентации поделени во осум групи.

Во првиот и единствен денешен натпревар од 17 часот ќе се сретнат, домашната репрезентација на Катар и селекцијата на Еквадор.

Свечено отворено Светското првенство во фудбал во Катар. Фото: ЕПА/МИА

Состав на групите:
А-групат: Катар, Еквадор, Сенагал и Холандија.
Б-група: Англија, САД, Иран и Велс.
Ц-група: Полска, Аргентина, Мексико и Саудиска Арабија.
Д-група: Франција, Данска, Тунис и Австралија.
Е-група: Германија, Шпанија, Костарика и Јапонија.
Ф-група: Хрватска, Белгија, Канада и Мароко.
Г-група: Швајцарија, Србија, Бразил и Камерун.
Х-група: Португалија, Уругвај, Гана и Јужна Кореја.

Двете првопласирани од секоја група одат во осминафиналето.

Катар домаќин на првиот Мундијал во зима. Фото: ЕПА/МИА

Морган Фримен присуствуваше на свеченото отворање на Светското првенство во 2022 година

Познатиот холивудски актер Морган Фримен беше учесник на свеченото отворање на Светското првенство во 2022 година. Тој делуваше како еден вид церемонијал мајстор на церемонијата, кој пред публиката го читаше текстот подготвен за него.

На церемонијата настапија јужнокорејскиот пејач и член на БТС, Чонгхук и катарскиот пејач Фахадом Ал Кубаиси. Тие ја изведоа композицијата „Dreamers“.

Емирот на Катар, Тамим бин Хамад Ал Тани одржа поздравен говор.

Прв Мундијал во зима

Мундијалот во Катар е прв во историјата кој ќе се игра во зима. Ќе трае до 18 декември, прв што некогаш се одржал во арапскиот свет и прв во земја со мнозинско муслиманско население, како и второ Светско првенство кое целосно ќе се одржи во Азија.

Трофејот од минатиот Светски шампионат одржан во Русија 2018 година, го брани репрезентацијата на Франција.

OhridNews