Во салата „Билјанини извори“ во Охрид  свечено беше отворено 16-то Светско првенство во ракомет за јуниори на кое учествуваат 20 репрезентации поделени во 4 групи.


од церемонијата на свеченото отворање

„Вие сете мала земја, но со големо спортско срце“, рече претседателот на Меѓународната ракометна федерација (ИХФ) Хасан Мустафа на отворањето на мундијалот во Охрид.

Претседателот на Ракометната федерација на Македонија Трифун Костовски истакна дека во наредните три години Македонија ќе биде центар на светските ракометни збуиднувања, а особено наредната година со одржувањето на Светскиот шампионат во ракомет за жени.


Трифун Костоски-РФМ и Хасан Мустафа-ИХФ

Од името на градот домаќин учесниците ги поздрави  градоначалникот на Охрид Александар Петрески, кој истакна дека градот вредно и амбициозно работи во иднина да стане познат меѓународен спортски центар и оти ова ракометно првенство е најдобрата инвестиција за спортската иднина на Охрид.

На отворањето на СП Македонија убедливо ја совлада Ангола со 39:16.

Г. Момироски