Над 1500 луѓе присуствуваа на свеченото отворање на дискотеката „Парк“ во Охрид. На прв поглед „Парк“ воодушевува со просторот, функционалноста, со детали, одличен звук и фантастичен амбиент пропратен со безброј светлечки и други ефекти. 

Дискотеката за 4 годишни времиња, како што е заштитниот слоган на „Парк“ навистина ќе биде жешка дестинација ова лето. Овој објект во кој се вложени прилично средства дефинитивно е еден од најрепрезентативните во земјава. Едноставно „Парк“ изгледа светски…


„Парк“ изгледа светски

На влезот од дискотеката ќе ве пречекаат хостеси и  професионално обезбедување кое речиси е незабележливо. Внатрешноста е осмислена со стил до најситните детаљи. Вентилацијата функционира беспрекорно па речиси не се чувствува чад…

 

 

На отворањето на микс пултот беше Dj Јуксел, а атмосферата на моменти кулминираше во делириум. За дополнителен штимунг се погрижија професионални танчерки, а најжешко беше на подиумот…

 

 
дел од атмосферата во „Парк“ на отворањето

Г. Момироски