Со пуштањето  во употреба на новата атлетска патека  и ревијалниот атлетски натпревар во Охрид беше одбележан светскиот  ден на атлетиката.  Во присуство  на министерот за  транспорт и  врски, и првите луѓе на АФМ, МОК и  АМС кои беа носители на прокетот, легендата на атлетиката Сергеј Бубка го означи новиот старт на македонската атлетска историја.

Проектот атлетска патека го дочека својот крај, како што ветивме така и остваривме, а  осебно ме радува присуството на легендата на кралицата на олимписките спортови, Сергеј Бубка, кој се надевам дека и во иднина ќе биде голем поддржувач на македонските спортисти. – истакна Диме Спасов , Директор на агенцијата за млади и спорт.


Претседателот на МОК , Васил тупурковски, смета дека квалитетот на патеката ќе ги даде посакуваните резултати за македонските атлетичари и ќе придонесе за достигнување на норми за светските и олимписките натпреварувања. 

За министерот Миле Јанакиески отворањете на патеката претставува продложение на напорите на Владата за здрава спортска младина. Тој му порача на охридскиот градоначалник Александар Петрески што поскоро да го донесе Деталниот урбанистички план за да може да се инвестира во спортската инфраструктура.

 – Оваа патека е дел од инвестициите во спортот што ги прави владата на Р. Македонија, преку АСМ , 50 фудбалски игралишта, 100 тениски игралишта, стотина мултинаменски игралишта. Се надевм дека сите тие инвестиции ќе придонесат Македонија да има што повеќе олимпијци. –рече Јанкиески.

Промоторот  на атлетскиот митинг “Охрид 2010“ Сергеј Бубка истакна дека со новата атлетска патека ќе биде направен голем чекор кон развојот на атлетиката во Македонија.

За три дена Охрид ќе биде домаќин на атлетскиот меѓународен митинг кој се надевам ќе прерасне во традиција, и токму од овој терен се надевам дека ќе произлезат атлетичари кои ќе бидат дел од големите светски натпреварувања.- истакна Бубка.


За претседателот на АФМ, поставувањето на тартан подлогата на СРЦ„Билјанини извори“е остварвување на сонот на плејада  атлетичари кои низ годините минале низ АК “Охрид“.

Она што пред неколку години беше само сон на атлетичарите денес е реалност. Оваа атлетска патека  е една од најмодерните на Балканот  и се надевам дека таа ќе им помогне на атлетичарите да постигнуваат врвни резултати – рече претседателот на АФМ, Цветко Грозаданов, кој најави дека дека догодина ќе се сече уште една лента на националната арена “Филип Втори“.

На новоотворената атлетска патека во Охрид, на 19ти мај ќе се одржи Првиот меѓународент атлетски митинг “Охрид
2010“ на кој учество ќе земат осумдесетина
атлетичари од Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Србија,
Бугарија, Романија, Турција и од Босна и Херцеговина.

M.Постоловски