Синоќа во с.Белчишта свечено беше отворена 31-та Интернационална ликовна колонија. Посетителите имаат можност да погледнат над 600 галериски дела кои се создавале низ годините од кога е создадена Ликовната колонија.

„Почнувајќи од далечната 1985 година до денес делата кои се презентирани и тоа како имаат влијание и го осликуваат секој сегмент од делувањето на општеството опфаќајќи ја пред се општина Дебрца. Преку овие дела денес слободно можеме да согледаме различни уметнички правци, различни тематики кои пред се покрај уметничка имаат и едукативна содржина.Ликовната колонија со своето значење се издигнува повеќе од традиционален културен настан, таа е олицетворение на уметноста на Општина Дебрца. Нејзиното значење и секоегодишно поставување е потсетување на секоја измината година на оддржување на ликовната колонија во која се презентирани преку 600 уметнички дела. Значењето на ликовната колонија ја согледале голем број на посетители во изминативе години, кој со своето присуство само ја потврдиле големината на овој културен настан.“-истакна во своето обраќање градоначалникот на општина Дебарца Игор Трајкоски.

Уметничката колонија во Дебрца своите почетоци ги бележи од 1985 година и со текот на времето прераснува во Интернационална колонија.Со поддршка од општина Дебрца уметничката колонија се одржува и трае 10 дена. Оваа година учествуваат уметници од Турција, Бугарија, Словенија и Македонија. 

Ликовната колонија е отворена секој ден за заинтересираните посетители кои имаат желба да ги погледнат уметничките дела. 

OhridNews