„Свесни сме дека ниеден конгрес не може да даде конечни одговори на прашањата ниту на старите, некои кои сеуште се отворени, ниту на новите, оние кои новото време ги поставува на дневен ред. Но ние можеме како луѓе на науката, прифаќајќи ги новите сознанија и аргументи да се доближиме до вистината, да ги отстраниме во минатото напластените заблуди и предрасуди и тоа да го сториме како припадници на славистичката наука и на словенството кое поседува свои автохтони вредности, кои и денес и во највисоко развиениот свет се ценети и од кои тој свет има потреба на патот кон сеопштиот и вистински напредок на сето човештво“, истакна во своето поздравно обраќање академик Милан Ѓурчинов-претседател на организацискиот одбор на конгресот.
Свечено отворен XIV Светски славистички конгрес
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com