Во Центарот за обука на вода на АРМ во Охрид, вчера беше свечено е отворен Вториот воен атлетски маратон. На свеченото отварање на атлетичарите-учесници од армиите на Република Македонија, Србија и Албанија, како и од Атлетскиот клуб од Охрид, Заменикот на НГШ на АРМ, генерал – мајор Насер Сејдини, им посака успех на утрешната трка и им порача дека сите учесници се воедно и победници, зошто овој спорт претставува голем предизвик.
На Вториот регионален маратон кој се одржува по повод 8-ми Септември Денот на независноста на Република Македонија, ќе учествуваат околу 30 атлетичари, а истиот е вграден во годишниот календар на Меѓународниот Совет на воените спортови.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com