Новиот Дом за култура во Велестово
„Овој објект е наш подарок за 20 годишнината од културната манифестација Поетска ноќ во Велестово и подарок за културата и иднината на сите оние на кои животна определба им е уметноста“, изјави градоначалникот на Охрид Александар Петрески на отварањето на културниот дом во Велестово. Притоа тој рече дека реализацијата на овој проект е уште една потврда на заложбите на локалната самоуправа за развој на културата не само во градот туку и во руралните средини.
Александар Петрески
Старото училиште во Дом за култура ја реадаптираше локалната самоуправа. Во рамки на домот изградени се повеќе современи апартмани, а идејата е овој објект културно да живее во текот на целата година.