Со верски обичаи и осветување на објектот, денеска ќе биде свечено пуштен во работа Конгресниот центар во Охрид, во сопственост на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје.
Конгресниот центар во Охрид
Конгресниот центар во Охрид се наоѓа на атрактивна локација на брегот на езерото, во близина на населбата Лагадин. Тоа е објект од Б-категорија кој ќе нуди оптимални услови потребни за организирање семинари, конференции, обуки, работилници,промоции и други образовни ,научни, културни и спортски содржини.
Со свечената церемонија на осветувањето на Конгресниот центар ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Мкедонски Господин Господин Стефан.
J.M.