Туристичко – угостителската понуда на Охрид од денеска ќе биде збогатена за новиот лаунџ бар и бутик хотел „Mister I“. Угостителскиот дел од овој модерно иизграден комплекс свечено ќе биде отворен денеска, додека стилски уредените апартмани во бутик хотелот во употреба ќе бидат пуштени во текот на идната недела.

Лаунџ бар и бутик хотел „Mister I“ се изградени во сосема нов стил, до сега невиден во Македонија. Во лаунџ барот покрај на ентериерното уредување и услугата, посебно внимание е ставено и на гастрономската понуда. Ќе се нудат одлични јадења, ексклузивни специјалитети, а забавата ќе биде исполнета со квалитетни изненадувања за посетителите.

Новиот лаунџ бар и бутик хотел „Mister I“ се наоѓа на кејот „Македонија“.

OhridNews