Денот на крводарителите на Македонија беше повод за свеченоста која се одржа во х. „Ривиера“. Црвениот крст од Охрид, додели преку стотина благодарници на крводарители, а некои од нив донирале крв повеќе од педесет пати.

Претседателот на општинската организација „Црвен крст – Охрид“ д-р Сашо Точко изјави дека „планот за дарување крв е надминат за 130 %, односно за 300 единици повеќе од истиот период минатата година. Нашата организација сесрдно помага на другите медицински институции, даруваме крв во Дијализа – Струга, Клинички центар Скопје, Медицински центар Битола и др.“

Во организација на општинскиот Црвен крст за 17.03. – Светскиот ден на крводарителите, е предвидена уште една  акција за донирање крв и тоа во  болницата „Св Еразмо“, а  хумани дарители ќе бидат жители од МЗ „Даме Груев“ од скопската населба Ѓорче Петров.


Од  свеченоста

Во сите активности на Црвениот крст се ангажираат околу 600 волонтери кои се посебно едуцирани за активностите кои ги спроведуваат. Црвен крст – Охрид им помаѓа на луѓето во неволја без разлика на пол, вера, нација, раса.

С. Костоски