Пред два дена во просториите на Факултетот за туризам и угостителство беше одржана церемонија на која свечено беа доделени дипломите на најуспените студенти.
Покрај дипломираните и нивните семејства, продеканите и деканот на факултетот, на свеченоста присутни беа и проректорот на универзитетот проф. д-р Науме Мариноски, како и гости од Албанија. Свеченоста започна со обраќање на продеканот на факултетот порф. д-р Јован Стојаноски, кој по тоа му даде збор на деканот на факултетот проф. д-р Софроние Миладиноски. Во својот говор деканот истакна дека му е голема чест што после нетолку краткиот период од четири години, во кој преку создавање близок однос и градејќи ја образовната парадигма се изградило и пријателство, на студентите, сега веќе дипломирани граѓани, им овозможува да стојат рамноправно во целокупната стопанска и вонстопанска структура. Доделувањето на дипломите започна со прогласувањето на најдобрите студенти во генерацијата, Коцевски Јордан, на насоката туризам и угостителство и Трпеска Билјана, на насоката осигурување. Тие ја добија најдобрата награда што еден првенец на генерација може да ја посака, а тоа е вработување на ФТУ како помлади асистенти. Со ова факултетот уште еднаш ја потврди својата ангажираност и грижа за младите способни кадри. Свеченоста заврши со коктел подготвен од студентите на гастрономската насока на Факултетот.