На пригодна свеченост, денес, во центарот за култура „Григор Прличев“, на општинскиот Црвен крст му беше доделен Пехарот за 2019 година за ПХВ програмата.

Од вкупно 150 проекти изработени од организации на Црвен крст  во целата држава, годинава најбројни, најуспешни и оценети со највисоки оценки беа шесте проекти кои ги изработија 40 млади волонтери на Црвен крст Охрид со кои помогнаа на повеќе од 100 лица од ранливата категорија на граѓани од Охрид.

  • Навистина сме горди и исполнети што нашите млади, пред се оние коишто делуваа во Црвен крст во овој период 2018/2019 година и работеа на осум проекти од кои шест беа оценети со највисока оценка во цела Македонија. Големо е задоволство, гордост, поттик и мотивација за останатите наши волонтери кои доаѓаат во нашиот Црвен крст да видат како може да се исполнат себе си и како може да го почуствуваат она највозвишено чуство, среќа, радост кога помагате некому. Значи туѓата среќа ве исполнува. Тоа го покажаа овие младинци. 50 од нив работеа на 8 проекти, помогнаа на преку 100 лица, најразлични видови помош, од купување на велосипед за лица со посебни потреби, до изградба на купатило, до плаќање сметки и приклучок за струја, за да помогнат на ранливата категорија на луѓе, вели претседателот на општинскиот Црвен крст, Сашо Точков.

Со пофални зборови за работата на младите од Црвен крст Охрид и националниот координатор на ПХВ програмата, Александра Ристовски.

  • Сметам дека целата подршка која ја добиваат овие млади волонтери во вашата општинска организација, во вашиот град е навистина многу голема, како една сложувалка како што и се викаше еден од проектите и токму заради тоа резултатите се неминовни. Тоа подразбира добра обука, добра селекција, добад дисеминатор кој добро ги поминал обуките кој понатака ги мотивира младинците, тим на инструктори коишто работат со овие младинци, подршка од претседателот, стручната служба за да на крај тие се одлични, вели Ристовски. Таа додава дека не секогаш на младите им е лесно, дека се соочуваат со ситуации во кои им се кажува дека се мали, дека се соочуваат со ситуации на кои едноставно не им се дораснати, но тие покажуваат дека преку програмата и волонтирањето во Црвениот Крст стануваат одговорни граѓани на нашата заедница.

На свеченоста на доделувањето на пехарот присуствуваа раководството на Црвен крст на Македонија, претставници од општински организации од целата држава, претставници на Општина Охрид и други гости.

„Црвен крст во акција–Промоција на хумани вредности“ (ЦКА-ПХВ) е програма која веќе дваесетта година се имплементира во Македонија од страна на организациите на Црвениот крст. Целта е вклучување на младите во заеднички проекти за изградба на взаемно разбирање, толеранција и култура на дијалог како основен предуслов за создавање на интеркултурно општество.

OhridNews