Од Дебарско-кичевската епархија информираат дека на 4 декември, петок, во црквата „Света Богородица“ – Каменско, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Воведение на Пресвета Богородица – Пречиста“. Литургијата ќе започне во 9.00 часот, а ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

На 6 декември, недела, ќе биде преосветена црквата „Свети Пантелејмон“ во село Велгошти и ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Свети Амфилохиј Икониски“, со почеток во 9.00 часот. Ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичев-ски г. Тимотеј.

Богослужби ќе има и во сите парохиски цркви во Охрид.

OhridNews