Од Дебарско-кичевската епархија информираат за свечените литургии кои ќе се одржат по повод претстојните празници.
На 28 август 2013 година (среда), во црквата „Света Богородица“ – Каменско, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Успение на Пресвета Богородица“ – (Голема Богородица), со почеток во 9:00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високо преосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Богослужба ќе има само во црквата „Света Богородица“ – Каменско – Охрид (едноцрквие).
На 29 август 2013 година (четврток), во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“, – Плаошник, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Свети Јоаким Осоговски“, со почеток во 9:00 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високо преосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
OhridNews