11 Октомври – Денот на Народното востание против фашистичкиот окупатор ќе биде одбележан во Охрид  со свечена програма. Во рамки на програмата утре во 12 часот во големата сала на Општина Охрид ќе се одржи свечена седница.

На седницата предвидени се обраќања на градоначалникот Кирил Пецаков и претставник од ОО на Сојузот на борци од Охрид и Дебрца, по што ќе следи културно-уметничка програма.

 

Во рамки на програмата, пак, на 11 октомври, предвидено е полагање цвеќе пред спомен обележјата од НОБ во градскиот парk, пред Основен суд Охрид, СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ и градските гробишта.

OhridNews