Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 30 септември, среда, во катедралниот храм „Света Софија“, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Светите маченички Вера, Нада, Љубов и мајка им Софија“. Литургијата ќе започне во 9 часот,а ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.
OhridNews