Свечената академија по повод 8-ми Декмеври-Денот на Свети Климент Охридски – патрон на Охрид ќе се одржи денес во НУ Центар за култура Григор Прличев со почеток во 19:30 часот.
На настанот ќе бидат врачени највисокото општинско признание, наградата „Патрон на градот – Св. Климент Охридски“ за 2024 година на проф. д-р Павле Митрески, како и Повелбата-Патрон на градот „Свети Климент Охридски“ на Клубот за подводни дејности Охрид и Здружение на граѓани НАТГ „Аматер“ – Охрид (Културолошка Иницијатива 5 до 12).
Претходно, во 18 часот ќе биде отворена традиционална изложба на Фото клуб – Охрид во НУ Центар за култура „Григор Прличев” (изложбен салон), додека во галеријата при Центарот од 18.30 часот ќе биде отворена изложбата на уметнички дела од Вангел Наумоски содржани во збирката „Вангел Наумовски“ во сопственост на ЈЗУ Специјализирана болница за отропедија и трауматологија „Свети Еразмо Охридски“ – Охрид.
Програмата продолжува утре, 8 декември, кога е предвидено во 10 часот поклон пред моштите на Свети Климент Охридски во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон”- Плаошник, во 11 часот полагање свежо цвеќе на споменикот на Свети Климент Охридски во училишниот двор на ООУ „Свети Климент Охридски“, во 12 часот полагање свежо цвеќе на монументалниот споменик на Свети Климент Охридски на градскиот плоштад и врачување награди на најдобрите поетски творби на Општинскиот награден ученички литературен конкурс по повод Патронот на Охрид.
Во 13 часот концерт ќе одржи Фолклорните ансамбли во чест на Свети Климент (СОФАМ) во НУЦК „Григор Прличев“ , додека во 18 часот во малата сала во Општина Охрид ќе биде отворена изложбата –среброрез: 33 ХРИСТОС- Живот за спас на човештвото од Боро Митрески Минта.
Н.С.Ј.