Министерството за култура на Република Македонија во среда, во големата сала на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, со почеток во 18 часот и 30 минути организира свечена академија по повод јубилејот „200 години од раѓањето на Димитар Миладинов“.

На академијата пред присутните ќе се обратат: Сашо Цветкоски, директор на музејот „д-р Никола Незлобински“- Струга, Рамиз Мерко, градоначалникот на Струга, министерот за култура Елизабета Канческа-Милевска, и академик Ѓеорѓи Старделов, претседател на МАНУ.

OhridNews