По повод одбележувањето на 1100 годишнината од упокојувањето на Свети Наум, Македонската академија на науките и уметностите денеска во Охрид, организира свечен собир посветен на овој  чудотворец. Собирот кој  ќе се одржи во Куќата на Уранија, ќе го отвори претседателот на МАНУ, академик Георги Старделов.

За животот и делото на овој охридски заштитник ќе говорат: академик Петар Хр. Илиевски, кој ќе говори за Св. Наум како ревносен следбеник на словенските првоучители и храбар заштитник на нивното дело и академик Цветан Грозданов, кој ќе се осврне на темата: „Св. Наум во животописот на Југоисточна Европа“.

Свечениот собир започнува во 19 часот.

OhridNews