Со свечен прием СВР Охрид ќе го одбележи7-ми Мај, Денот на Македонската полиција.

Во рамките на одбележувањето на празникот, СВР Охрид, утре во 9 часот и 30 минути во Регионалниот центар „Запад“, (во гарнизонот Охрид) ќе оствари средба со ученици од ОУ „Братство“ и од детската градинка „Јасна Ристеска“. Исто така ќе биде изложена опрема и материјално-технички средства од Полицијата, Армијата на Република Македонија и Територијалната против-пожарна единица од Охрид.

OhridNews