Иако продолжениот викенд не донесе значително повеќе гости на ривиерата, охридските хотели имаа полни раце работа. Тие празничниот викенд ќе го запаметат по рекордниот број свадби.

Дури 11 бракови биле склучени изминтиов викенд. Како што неофцијално дознаваме во петокот се барало место повеќе во салата за регистрации во општината која била пребукирана.


Со завршувањето на Велигденските пости, мај е месецот кој покрај матурските вечери го одбележуваат и свадбените веселби.

– Мај и јули се резервирани за ваквите веселби, а она што е интересно е дека во овој период најголем дел од свадбите ги прават нашите иселеници. Тие тогаш се  враќаат во татковината за да ја направат својата свадба – вели Сашо Силјаноски од хотелот „Славија Спектар“.

По се погласните најави за негативните ефекти од светската економска криза и врз туризмот, хотелиерите се почесто  се свртуваат кон домашната клиентела, а организацијата на  свадбите и другите семејни веселби и натаму останува доходовен бизис, затоа што криза било или не  Македонецот за веселба пари секогаш ќе има.

М.П.