Повеќето свадбени торти издржуваат само еден или два дена, но оваа торта останала недопрена веќе 113 години, што ја прави најстарата свадбена торта на светот. Тортата украсена со орнаменти била направена далечната 1898 година, за време на владеењето на англиската кралица Викторија, и била целосно сочувана и покрај рушењата за време на втората светска војна.
Оваа торта првобитно се наоѓала во излогот на една слаткара во Хемпшир, која била затворена 1964 година. Потоа била преместена на поткровјето од куќата на слаткарот, каде стоела се додека неговата ќерка не на подарила на музејот. Тортата ја променила бојата, но благодарение на вработените во музејот сеуште била во одлична состојба.