Еден пар шимпанза се венчале во кинеската зоолошка градина пред вработените, посетителите и фотографите кои го овековечиле овој несекојдневен среќен настан. Бракот меѓу четиригодишниот Јангјанг и шестгодишната Ванксинг бил договорен уште минатата година.
Поради свадбата младоженецот се преселил од Гвинеја во градот Хефеи. Венчавката била само симболична, нималку традиционално, а младенците биле облечени во шарена облека.