Голем број верници денеска се собраа кај малата капела во Лагадин посветена на светите маченички Софија, Вера, Љубов и Надеж, на одбележувањето на овој голем христијански празник.


Денешниот празник ги  симболизира темелните вредности на животот кои треба да ги почитува секој човек, рече отец Атанас Казанџиски. Софија(мудрост) е мајката на љубовта, верата и надежта кои се основните принципи не само на христијанствтото, туку и на целото човештво.


Црквата во Лагадин пред 8 години ја изгради охриѓанецот Љупчо Патче по повод 2000 години од христијанството. Тој  секоја година на овој ден организира заедничка прослава на имендените на сите кои ги носат имињата на светите маченички Софија, Вера, Љубов и Надеж. Собраните пари од верниците ги донира за помош на болните и изнемоштени лица, а годинава дел од нив ќе бидат искористени  за завршување на црквата во градските гробишта која се гради долги години.


Традицијата продолжува

Г.М.