„Бидејќи се молеше за тоа, Бог му го покажа местото на неговиот подвиг. Тоа место беше на брегот на реката Пчиња. Свети Прохор се подвизуваше таму до старост и до својата смрт. Само Едниот Бог знае за сите негови подвизи и искушенија што ги претрпе во текот на овој живот. Но според неговите мироточиви мошти и безбројните чудесни исцеленија, коишто и денес не престанаа, може да се суди за големината на Божествената благодат што му ја подари Бог за неговите големи страдања.
Свети Прохор се упокои и се пресели во Царството Небесно во 9 век.“-пишува во житието за Преподобен Прохор Пчињски.
По повод празникот на Свети Прохор Пчински и пренесување на моштите на Свети Јован Рилски, денеска, во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“, Плаошник, со почеток во 9 часот ќе се служи света архиерејска литургија.
Со неа ќе чиноначалствува митрополитот Плаошки и Дебарско-кичевски г. Тимотеј.