Православните христијани денеска го одбележуваат празникот посветен на Света преподобна Параскева (Св. Петка).
Света Параскева (Петка) според која се празнува денешниот ден е родум од Рим. Родителите и биле христијани, така што од мали нозе ја воспитале во Христовиот дух. Кога и умреле родителите го раздала целиот свој имот на сиромашните и се замонашила. Со голема ревност целиот живот го посветила на христовото учење. Поради тоа и пострадала, и била отсечена главата. Целиот настан се случил во вториот век.
По повод празникот денеска во манастирот „Света Петка“, Велгошти, ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува неговото високо преосвештенство митрополитот Плаошки и Дебарско-кичевски г. Тимотеј, со повеќемина свештенослужители. Вечерва пак по повод празникот на „Свети Климент Охридски Чудотворец и свети великомаченик Пантелејмон“ во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ – Плаошник, со почеток во 19 часот ќе се служи празнична вечерна богослужба на која ќе чиноначалствува неговото високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.
По тој повод Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овие празници.