Православните христијани денеска го одбележуваат празникот посветен на Света преподобна Параскева (Св. Петка).
Светата православна црква празнува три личности со исто име Параскева-Петка поради што во народот често се мешаат и се мисли дека се работи за иста личност. Најчесто трите се идентификуваат со Петка Трновска, чиј спомен се одбележува на 27 октомври. Името го добиле поради тоа што се родени во петок, а петокот како ден пред сабота, (во стариот завет саботата била празник, а не неделата) бил ден за подготовки пред празникот. Во петокот евреите се подготвувале за саботата. Параскева значи подготовка.
Света Параскева (Петка) според која се празнува денешниот ден е родум од Рим. Родителите и биле христијани, така што од мали нозе ја воспитале во Христовиот дух. Кога и умреле родителите го раздала целиот свој имот на сиромашните и се замонашила. Со голема ревност целиот живот го посветила на христовото учење. Поради тоа и пострадала, и била отсечена главата. Целиот настан се случил во вториот век.
Голем број верници од вчера го посетуваат храмот Св. Петка во Велгошти за празникот Петковден, кој традиционално масовно се одбележува во Охридско.
Верниците палат свеќи, се молт за здравје, уживаа во природниот мир и убавиот поглед на Охрид.
Јасминка Т. Момироска