Св. Никола Мириклиски Чудотворец е важен лик во христијанската религија.
Потекнува од областа Мира во Ликија. Роден е кон крајот на ИИИ век, учествувал на Првиот вселенски собор во Никеја во 325 година каде што удирајќи му шлаканица го посрамотил еретикот Арие, кој проповедал друго верување.
Доживеал длабока старост и умрел во 343 година. Бил погребан во Мира, а подоцна пред налетот на Исламот со многу свечености неговите мошти биле пренесени во Бари Италија во 1087 година, поради што и овој датум се смета за празник на Св. Никола.
Култот за Св. Никола е познат од ВИ век, а најстарото житие за него потекнува од ИЏ век. Важел за заштитник на целото население и од целио свет поради што високо го ценат не само православните, туку и католиците. Од истите причини на овие простори во минатото го почитувале и Турците, кои како што стои во некои записи го викале “Ад‘рбаба“.
Во народните преданија најповеќе е запаметен како господар на водите, на морињата, а со тоа и заштитник на корабите и патниците што патувале со нив. Затоа пред него се молат особено оние што тргнуваат на пат по вода, зошто се верува дека тој многумина спасил уште додека бил жив. Во преданието се раскажува дека еднаш кога патувал по вода бродот потонал, а тој шест недели поминал на една штица. За цело време се молел на Бога да го спаси, а Господ не само што го спасил, туку затоа што бил испонет со верба кон бога и што го молел, го назнашил за заштитник на морепловците. Забележано е дека на овој ден рибарите не влегувале во чуновите, а морепловците што тој ден ќе се најделе на море запирале и го празнувале Св. Никола.
Е. Спространов за обичаите во Охрид забележал дека Св. Никола бил тој: “Шо и поиљвит морињата. Тога каде и да се најт гемиџија или пампур останвит таму макар стрет море да је ќе се заприт и ќе го држит (ќе го празнуват). Св. Никола е фенерлија, праит чудесиј“.
И во песната од Зборникот на браќата Миладиновци се пее за делбата меѓу четирите светители Св. Илија, Св. Никола, Св. Јован и Св. Петар:
“На Св. Никола што му паднало?
паднало му води и бродови,
му паднаагемии по море,
он да имат, он да и повељат“.
Во македонските народни песни Св. Никола е опеан како стар Св. Никола кој може да го одмрзне замрзнатото море, но кој гради цркви и манастири:
“Цркви гради стар Св. Никола,
градил ги е од злато и сребро“.
Стиховите пак од оваа песна во кои Св. Никола и се обраќа на златната рипка од дното на морето:
“Сребро злато цркви ќе дограда,
бесцен камен у олтар ќе става
тебе рипке курбан ќе те колам“.
…..се во врска со обичајот да се јаде риба на празникот кој секако спаѓа во Божикните пости, како и со обичајот во некои места за курбан да се готви риба крап.
Јасмина.Т. Момироска