Според традицијата и обичаите, рибата е задолжителен дел од посната “Светиниколска трпеза”. Поради тоа, овој ден се слави и како празник на рибата.
Во Охрид, каде луѓето целиот живот го минуваат покрај езеро, Свети Никола секогаш, како куќна слава или именден, се славел со риба. Ама не туѓа, туку токму од Охридското Езеро. Старите охриѓани се секаваат дека во минатото, на овој празник на трпезата најчесто имало плашица, која веројатно поради сиромаштијата најлесно можела да се купи. Подоцнежните побогати времиња во празничното мени ги донесоа белвицата и охридската пастрмка. И кога веке добро ги научивме адетите, последниве неколку години дојде забраната на риболовот. Народот рекол “од се се бега, ама од срамот не”, па така луѓето пак се снаоѓаат и охридска риба за Свети Никола мора да има. Набавена на црно, под рака, таксана со месеци однапред, платена по баснословна цена, секој се снаога како знае и умее. Дел од славениците пастрмката ја заменија со белвицата, поради превисоката цена на охридската рибна кралица. Некои почнаа на трпезата да вадат замрзната морска или риба од рибниците. Поевтина е, а сепак риба е, велат охригани. Оние кои и покрај се, и останаа верни на традицијата, иако можеби го осудуваат криволовот, стануваат актери на нелегалната рибарска мрежа најчесто за овој празник…
Веке три години Охридското Езеро е без стопан, а риболовот е забранет. И по неколку конкурси, концесионер сеуште не е избран, а апели стигнуваат од различни адреси. Охридскиот совет од владата побара да се одложи издавањето на коцесија за езерото, што е и став на Хидробиолошкиот завод, каде сметаат дека рибата прво треба да се заштити, а потоа и да се лови. Во министерството за животна средина сметаат дека со езерото треба да стопанисува концесионер, кој ке се грижи за рибниот фонд. Угостителите и рибарите сакаат риболовот да се легализира, но тој да биде контролиран и со строго пропишани средства за ловенје. Жителите на рибарските села велат дека отпуштени од рибарските стопанства, единствен начин да преживеат им е риболовот, со кој се занимавале и нивните претци. Угостителите пак сметаат дека без пастрмката како препознатлив охридски бренд, рестораните во туристичкиот Охрид ке се претворат во класични скараџилници. Најновиот апел деновиве дојде од невладините организации од Охрид и Струга, кои од премиерот Груевски бараат забрана на риболовот во период од 8 до 10 години и повисока интегрална заштита на македонскиот и албанскиот дел на езерото од мешовито претпријатие формирано од двете земји.
И додека се бара решението со кое ке се штити ендемичната пастрмка од исчезнуванје, бидете сигурни дека таа ке се јаде на многу охридски трпези и годинава за Свети Никола.